УСЛУГИ

СМЕСТУВАЊЕ

Сместувањето на корисниците е во луксузни и комфорни еднокреветни, двокреветни и трокреветни соби со сопствени балкони и опремени со 40” смарт телевизори, климатизери, СОС тастери за повик на помош од персоналот и бесплатен безжичен интернет.

ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

Домот за стари лица “Арија” на прво место го става квалитетот на медицинските услуги. Здравствената заштита се обезбедува во соработка со матичниот доктор и вработените медицински сестри.

ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈА

Нашиот дом нуди физикална терапија во согласност со индивидуалните потреби на корисниците, а се состои од активни и пасивни вежби, масажи, обука за користење на ортопедски помагала и раздвижување.

ИСХРАНА

Посебна нега и внимание се посветува на исхраната кога е во прашање здравјето и задоволството на нашите корисници. Менито се прави неделно во консултација со нутриционист, и е прилагодено на нивните здравствени потреби  и лични желби.