Често поставувани прашања
Да. Нашите идни корисници можат да одберат било кој од понудените слободни кревети во согласност со препораките на нашите медицински и социјални работници.
Ако потребите за медицинска и лична грижа стануваат преголеми за истите да се спроведуваат во домашни услови и почнуваат да влијаат на секојдневни обврски на Вас и вашието семејство како на приватен така и на деловен план. Ова може да се случи поради неодамнешна хоспитализација или поради компликации од хронични болести.
Доколку вашиот родител треба поголемо ниво на грижа, тогаш е време да размислите за привремен смештај во дом за стари лица по завршената хоспитализација, или по желба и договор со семејството и трајно сместување во нашиот дом за стари лица
Во нашиот дом за стари лица е обезбеден сиот потребен мебел за конфорен живот кој го имаат и во својот дом. Меѓудругото, за да се чувствуваат како дома, ги потикнуваме жителите на нашиот дом за стари да ги земат своите лични работи како што се семејни фотографии, нивните омилени прекривки или ситници кои им значат.
Да. Нашиот лиценциран дом за стари има многу активности и друштвени случувања за жителите на истиот, вклучувајки и ликовни работилници, концерти, приредби, шах, домино, филмски ноќи и гости предавачи.
Вработените се обучени за такви ситуации и лично ви стојат на располагање 24 часа на ден и во вонредни ситуации. Нашиот дом за стари лица има одлична соработка со локалната болница и здравствениот дом за помош во вонредни ситуации.
Нашиот дом секогаш се стреми да обезбеди најдобри услуги и сместување по европски и светски стандарди, а по цени прилагодени на економската ситуација во нашата земја.
Нудиме повеќе пакети кои минимално варираат во цената која се формира врз основа на потребната нега на корисникот и типот на собата.
Контактирајте не за детални информации.