ЗА НАС

За АРИЈА – Дом за стари лица

Домот Арија е новоотворен дом за нега на стари лица. Се наоѓа на мирна и безбедна локација опкружена со зеленило во општината Бутел на ул. Рудо бр. 15. Оддалечен на само 5км од центарот на Скопје има одлична сообраќајна комуникација. Во непосредна близина се наоѓаат повеќе значајни објекти како амбулантата, полициската станица, општината, пазарчето, црквата Св. Јован, автобуските линии со бр. 8 и 57 и новата обиколница која овозможува уште подобра поврзаност.

Стручен и медицински тим составен од социјален работник, медицински сестри и негувателки се грижи за нашите корисници 24 часа, за да бидеме сигурни за вашето здравје.

Сместувањето на корисниците е во луксузни и комфорни еднокреветни, двокреветни и трокреветни соби со сопствени балкони и опремени со 40” смарт телевизори, климатизери, СОС тастери за повик на помош од персоналот и бесплатен безжичен интернет.

Домот располага со пространа дневна просторија наменета за активности и меѓусебно дружење и интеракција на нашите корисници, како и просторија и комфорен балкон наменети за посети од најблиските. Посебна нега и внимание се посветува на негување на стекнатите навики и хобија на корисниците, организирање на излети, посета на културно-уметнички манифестации и градење на позитивен однос спрема себе и околината.

Дом за стари лица

Стручен и медицински тим составен од социјален работник, медицински сестри и негувателки се грижи за нашите корисници 24 часа!

Живеењето во дом за стари лица е безбедно, удобно и нуди многу поволности!